Моделот „EU 121 M“ е креиран од Европски и Амерички пијано дизајнери. Овој модел е со најновиот дизајн и технологија на пијано, кој е особено погоден за професионални настани. Конструиран е со најквалитетни компоненти како Renner чеканчиња и Röslau жици, двојни метални тркалца, сребрена рама итн. Секое пијано е рачна изработка, произведено со прецизно поставена технологија, што придонесува да се разликува од останатите пијана во музичката индрустрија.